Економија
ЦЕНАТА НА НАФТАТА БИ ДОСТИГНАЛА НАД 100 ДОЛАРИ, прогнозираат аналитичарите по заострување на односите меѓу Израел и Иран
02.10.2024
Цената на нафтата може да се зголеми на 100 долари по барел поради заострување на конфликтот на Блискиот Исток. Нападот на Иран на Израел или воведувањето на построги санкции кон оваа земја може да ги подигне светските цени на енергентите, смета Саул Кавоник, аналитичар во енергетската компанија МСТ Марки, пренесува CNBC.
Израел разгледува одговор на ракетните папади од Техеран и може да возврати врз цели на иранската нафтена инфраструктура, сметаат аналитичарите.
Според податоците на светските берзи, суровата нафта утрово се тргуваше за 1,78 отсто поскапо и достигна цена од 71,075 долари по барел, а цената на нафтата „брент“ порасна за 1,62 отсто на 74,752 долари по барел, пренесува „Политика“.
фото freepic