Економија

ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА ВО ЦРНА ГОРА ИЗНЕСУВА 2.000 ЕВРА

02.10.2024

Синдикалната потрошувачка кошничка во Црна Гора во периодот јули-септември изнесува 2.000 евра и поголема е за 130 евра, во однос на претходните три месеци, објави Центарот за едукација, информирање и синдикални истражување. Потрошувачката кошничка се однесува на третиот квартал годинава и ги  опфаќаат трошоци на четирчлено семејство со две деца на училишна возраст.

Од десет категории на трошоци, кои се пресметуваат во синдикалната кошничка, во пет категории се зголемени цените. Ова се однесува на трошоците за храна (раст од 3,42 отсто), за домување и комуналии (6,67 отсто), образование и култура (раст од 30 отсто) и за рекреација (раст на цени за 25 отсто).

Во пресметувањето на цените на храната се земаат податоците од  најголемите три маркети во Црна Гора за 135 артикли од прехранбените производи. Трошоците за храна во третиот квартал изнесуваат 605 евра, објави РТЦГ.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО