Економија

СРБИЈА СО НАМАЛЕНИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД ГЕРМАНИЈА, во Србија за шест месеци годинава имала 2,3 милијради СДИ

02.10.2024

Приливот на странските директни инвестиции (СДИ) во Србија во првите два квартала годинава изнесуваат 2,3 милијарди евра, а на листата на најголеми инвеститори води Кина. За овој период е видливо повлекувањето на германските инвестиции во српската економија, покажуваат последните податоци на Народната банка на Србија.

Во првите шест месеци од Кина во Србија пристигнале 697,9 милиони евра. Од Германија која беше најголем инвеститор, се забалежува намалување на инвестициите од 60,8 милиони евра.

Според податоците на НБС, Србија од 2010 година немала негативен прилив, односно повлекување на странските директни инвестиции од Германија.

Високо ниво на странски инвестиции има од Холандија од каде пристигнале  527,8 милиони евра.

Во првото тромесечие годинава Србија  бележи намалување на инвестициите од Франција од 53,2 милиони евра, додека во вториот квартал има прилив од шест милиони евра, пишува „Нова економија“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО