Економија
НА ФЕД НЕ И СЕ БРЗА СО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, економските показатели укажуваат дека економијата на САД е во „добра состојба“
01.10.2024
Претседателот на американските федерални резерви Џером Пауел нагласи дека американската централна банка најверојатно ќе продолжи со намалување на каматните стапки за четвртина процентен поен и дека не брзаат за нивно намалување, иако новите податоци ја зголемуваат довербата во континуиран економски раст и потрошувачка.
Брзината на намалување на каматите ќе зависи од тоа како инфлацијата ќе се приближува кон целите на ФЕД од два отсто, проследено со ниска стапка на невработеност, истакнал тој на конференцијата на Националното здружение за деловна економија. Претседателот на ФЕД предвидува две намалувања од 0,25 процентен поен до крајот на годината, доколку економијата се движи според очекувањата.
Економските показатели укажуваат дека економијата е во добра состојба. Следните чекори ќе зависат од новите податоци вклучително и за извештајот за вработеноста за септември и октомври, кои се клучни за следниот состанок на ФЕД во ноември, изјавил Џером Пауел.
Американската економија покажува знаци на пад на инфлацијата, што и овозможува на ФЕД да постигне неутрално ниво на каматните стапки. Инфлацијата се намалува во поширокиот спектар на секторите, иако цените на становите се во пораст. Стапката на ФЕД сега изнесува меѓу 4,75 и 5.00 отсто, пренесува „Бизни.рс“.
фото freepic