Финансии / Банкарство

ПАД НА ЈАПОНСКИОТ ИНДЕКС И БЕРЗАНСКА „ЕУФОРИЈА“ ВО КИНА

30.09.2024

На денешното тргување на кинеските берзи цените на акциите  забележаа силен раст, продолжувајќи го минатонеделниот позитивен тренд, но јапонскиот Nikkei  оствари силен пад, поради стравот на инвеститорите од затегнување на монетарната политика.

Индексот MSCI, без јапонските акции, беше во плус за 0,3 отсто, по растот минатата недела од шест отсто. Утрово индексот Nikkei се намали за 4.6 отсто, а акциите на берзата во Јужна Кореја се намалија за 0,8 отсто. Во Австралија, Хон Конг и Шангај имаше раст на акциите од 0,8 и 5,7 отсто.

На берзите во Кина  владее „еуфорично“ расположение кај инвеститорите од минатата недела, поради новите мерки во монетарната  и фискалната политика на Пекинг, заради забрзување на растот на економијата.

Во Јапонија се очекуваат заострување на политиката на јапонската централна банка.  Инфлацијата во Јапонија е во пораст, а на случувањето на берзите влијаеше и победата на поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба на партиските избори на владејачката Либерално демократска партија, пренесува „Индекс.хр“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО