Lifestyle
ИНВЕСТИТОРИТЕ ОДГОВОРИЈА КОЈ Е ПОДОБАР ИЗБОР ЗА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО САД
28.09.2024
Повеќето богати инвеститори кои располагаат со милион долари имот ќе гласаат за Камала Харис на американските претседателски избори, покажува истражувањето на швајцарската банка UBS. За Камала би гласале 57 отсто од инвеститорите, а за Доналд Трамп 43 отсто, пренесува CNBC.
Според одговорите на анкетираните инвеститори, 84 одговориле дека економијата е главна тема на овие претседателки избори во САД, следат социјалните прашања и темите за даноците и миграцијата.
Инвеститорите сметаат дека Трамп е подобар избор за економијата и за даноците. На прашањето кој е комплетно подобар избор за економските прашања, 51 отсто одговориле дека тоа е Трамп, а 49 отсто се изјасниле за Харис.
Повеќето анкетирани или 55 отсто навеле дека имаат голема доверба во американската економија, без разлика на исходот на претседателските избори.
Анкетата е спроведена меѓу 13 и 19 август, а на прашањата одговарале 971 инвеститори кој располага над милион долари кои се подготвени за брзо инвестирање, пренесе „Еуроњуз“.
фото freepic