Lifestyle

НАЈДОБАР ТРИК ДА ЗАШТЕДИТЕ ПРИ КУПУВАЊЕ!

21.09.2024

Доколку не можете да се контролирате при изборот на производи или сте импулсивни при купување на предмети, кои и не ви се потребни во моментот, постои начин како полесно да заштедите средства од вашиот скромен буџет. Експертите од „социјалната“ економија предлагаат купувањето  едноставно да го одложите за некое време, а најоптимален рок е тоа да биде за 30 дена, пренесува 24часа.хр.

Со одлагањето на купувањето за еден месец ќе имате време да ги преиспитате сопствените потреби и желби за тоа колку го сакате некое ново парче облека, за кое по едно облакање ќе знаете дека сте погрешиле во изборот.

Доколку по 30 дена целосно заборавите на ова купување или одлучите дека тоа не ви се допаѓа, тогаш ќе заштедите и пари, кои неповратно ќе ги потрошевте со вашата импулсивна одлука за пазарење.

Со чекањето си давате и време да „слегнат“ емоциите кои сте ги доживеале,  кога прв пат сте виделе некој производ, облека или обувки. На овој начин поразумно се однесувате во пазарењето и ќе водите поголема сметка за секој потрошен денар.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано