Lifestyle
ЗАРАБОТУВА ОД ФОТОГРАФИРАЊЕ НА РАЗВОДИ!
21.09.2024
Стапката на бракови во Кина постојано е во опаѓање, a нивниот број од 13 милиони во 2013 година достигна под седум милиони во 2022, а тоа е најниско ниво откако се води официјална евиденција во кинеското Национално биро за статистика. Минатата година бројот на склучени бракови во Кина надмина осум милиони, но властите се загрижени од овој тренд, пренесува CNN.
Во меѓувреме, бројот на разводи се зголеми, а најголем број имаше во 2019 година со 4,7 милиони, или за повеќе од четири пати од пред 20 години.
Владата се обидува да влијае за помалку разводи. Во 2021 година донесе закон со кој на паровите им се дава 30 дена период за „смирување“ пред конечно да донесат одлука за да се разведат. Ова даде краткорочни резултати, но бројот на разводи повторно почна да расте, за повеќе од 25 отсто во 2023 година, во однос на претходната година.
За 28 годишната Лиу Веи, која води фотографско студио се почестите разводи во Кина претставува и добра бизнис можност. Со својот тим покрај фотографирањето на најсреќниот момент за склучување на браковите меѓу кинеските вљубени парови, нуди фотографска сесија за „документирање“ на раскинување на бракот. Во понудата е опфатено фотографирање на паровите кои сакаат да го одбележат и „денот на разводот“, а во многу случаи се организираат и прослави за сопствениот неуспешен брачен живот и за новиот среќен почеток!
Во фабриката која е оддалечена 60 километри од Пекинг, Лиу Веи им помага на разведените парови да ги уништат претходните брачни докази. Лицата на старите фотографии од чинот на венчавање се бојадисуваат со спреј и потоа ги ставаат во апарат за сечење на ситни делови. За оние кои сакаат и веродостоен доказ, целата постапка се снима.
Од отворањето на ова фотографско студио во 2021 година уништени се фотографии од венчавката на 2.500 парови. Цената на оваа услуга е меѓу 8 и 28 долари, пренесува Б92.
фото freepic