Економија
ВИЕНСКИ ИНСТИТУТ: СРБИЈА ЗА 100 ГОДИНИ ЌЕ ДОСТИГНЕ ПРОСЕЧЕН СТАНДАРД НА ЕУ
21.09.2024
Граѓаните на Србија за сто години можат да го достигнат стандардот на жителите не Европската Унија, доколку просечниот раст на бруто домашниот производ (БДП) биде на нивото од просекот од минатата деценија, изјави Бранимир Јовановиќ, експерт за Западен Балкан во Виенскиот институ за меѓународните економиски студии.
Во Србија за последните десет години доходот на жителите е зголемен само за четири процентни поени, од 40 на 44 отсто од просекот на ЕУ, пренесува „Бета“.
Во првата половина на годината Србија не стои лошо во економскиот раст во споредба со другите земји од регионот, бидејќи оствари раст од 4,5 отсто и таа се наоѓа меѓу првите пет земји во Европа.
- По многу индикатори Србија е подобра од Албанија, Македонија, БиХ и Црна Гора. Пред десет години доходот по глава на жител во Србија беше 40 отсто од просекот на ЕУ, а сега е 44 отсто. За една деценија оваа разлика е намалена за четири процентни поени. Потребни се повеќе од 100 години за Србија да го достигне нивото на развој на ЕУ, изјави Јовановиќ.
Тој смета долгорочните проекции не можат да се базираат на податоците за само на два квартала, а од таа перспектива српскаат економија позабавено напредува.
- Голем проблем за Србија е социјалната нееднаквост, затоа што секој петти жител живее во сиромаштија. Стапката на сиромаштија за десет години е намалена од 22 на 21 отсто. Ова е доказ дека фокусот не треба да биде само на растот на БДП и просечниот доход по глава на жител, туку овој доход порамномерно да се распредели и да се намали сиромаштијата, вели Јовановиќ.
Во врска со намалувањето на цените со акции со цел намалување на инфлацијата, Јовановиќ одговара дека „никогаш не бил против ограничувањето на цените, но сега според него немало потреба за тоа, затоа што инфлацијата во Србија се стабилизирала на 4,3 отсто, а минатата година била 15 отсто.
- Тогаш би ја подржал оваа мерка, но сега не можам, затоа што е задоцената и се сведува на чист популизам. Таква мерка не може да има позитивнини ефекти и ќе ја успори инфлацијата само ако се применува на долг рок, изјави Јовановиќ, пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic