Економија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА „ПЛОВИ ВО ТЕШКИ ВОДИ“, оценува Бундесбанката во нејзините прогнози објавени во четвртокот

Германската Бундесбанка во четвртокот излезе со неповолни прогнози за германската економија и посочи дека „не се гледа крајот на забавувањето на домашното стопанство“, предизвикана со „несигурната економска политика“.

„Домашната економија плови во тешки води. Нејасната економска политика на Владата ги обесхрабрува претпријатијата во нивните вложувања. Но, не се очекува ни рецесија во смисла на значајно, пошироко и трајно враќање на економијата во назад“ , наведуваат од германската централна банка.

Високите трошоци за кредитирање посебно се одразува на градежната индустрија, а домашната потрошувачка не може да го раздвижи растот на економијата. Слабиот економски раст се одразува на пазарот на труд. Бројот на вработени е висок, но стапката на вработеност забавува. Германската економија во третиот квартал ќе стагнира, без значителен раст или пад, се наведува во прогнозата на Бундесбанката, пренесува „Сеебиз“. 


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано