Економија

ИРСКА ПОМИНУВА НИЗ ДЛАБОКА СТАНБЕНА КРИЗА, ирската влада спроведува план „Стан за сите“

Ирската влада спроведува план „Стан за сите“ за да ја надмине станбената криза низ која поминуваат ирските граѓани, поради недеволната понуда на станови за живеење. Се проценува дека на земјата и недостасуваат нови 20 илјади домови секоја година, се наведува во извештајот на Ирската централна банка.

Недостигот од станови предизвикува зголемување на трошоците за домување на ирските граѓани. Овие трошоци се двапати повисоки од просекот на Европската Унија. Некои од компаниите нудат и бонуси и други финансиски додатоци за да им помогнат на вработените да го решат сопственото станбено прашање. Една од познатите авионски компании самата вложува во изградба на станови за своите вработени.  

Со планот „Стан за сите“ се предвидува на секој граѓанин да му се обезбеди пристојни услови за сместување и живот. Во 2022 и 2023 година изградени се повеќе од 30.000 станови, а целта е овој број да се зголеми на 33.000 станови секоја година.

Зголемената побарувачка за станови ја зголемува и цената на станбениот квадрат а во изминатите 12 месеци таа пораснала за 9,6 отсто, објави Централниот завод за статистика, објавија медиумите во регионот.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано