Економија
ГЕРМАНИЈА ИЗБЕГНУВА ТРГОВСКА ВОЈНА СО КИНА „ПО СЕКОЈА ЦЕНА“, Германскиот министер повика на политичко решение за проблемот со електрични автомобили од Кина
19.09.2024
Трговската војна меѓу Европската Унија и Кина треба да се избегне „по секоја цена“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, по разговорот со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао. Германскиот министер ги повика двете страни да најдат политичко решение за проблемот со европскиот увоз на електрични автомобили од Кина.
- Европската комисија и Кина требаат да ги вложат сите напори да изнајдат решение со преговори, нагласи Хабек. Но, како што објасни, Германија ја прифаќа конкуренцијата од Кина но под фер услови, пренесува „Блумберг“.
Европската Унија планира на 25 септември да одржи гласање за воведување на дефинитивни царини на електични автомобили од Кина, објавија американските агенции, повикувајќи се на анонимни извори. Германија и Шпанија се обидуваат да ги разубедат другите земји од ЕУ да отстапат од оваа одлука.