Најпознатиот фестивал на пивото Октоберфест во Минхен ги отвора своите врати на 21 септември. Посетителите годинава ќе мораат да платат и повисока цена за да уживаат во вкусовите на германските пива и храна.
Еден литар пиво, во зависност од шаторите, ќе чини меѓу 13,60 и 15,30 евра, но во полуксузните шатори едно литро од пченица чини 17,80 евра. Високи цени има и за водата која ќе се продава за 14 евра за литар.
На годинашниот фестивал на пивото, кој се одржува непрекинато 189 години, храната ќе биде поскапа во однос на минатогодишниот Октобарфест. Половина печена кокошка чини 23 евра.
За месо од патка со црвена зелка и неколку компири ќе треба да се плати 39,80 евра. Цената на менито со свинската потколеница со компир изнесува 39,80 евра. Свинското печење чини 24,80 евра.
За љубителите на пивото кои сакаат да поминат поевтино најдобро е да ги посетат шаторите попладне кога се нудат и пониски цени од редовните, пишува „Бизнис.ба“.
фото freepic