Економија
БЕРЛИН СЕ СВРТУВА КОН КАЗАХСТАН ВО НАБАВКАTA НА СУРОВИНИ, Германија и Казахстан се договорија за зголемување на испораките на нафта
18.09.2024
Казахстан, кој е богат со нафта станува најважен трговски партнер на Германија од земјите во централна Азија. Оваа централно азиска држава учествува со 11,7 отсто во снабдувањето со нафта и трета земја по Норвешка и САД. На овој начин Германија делумно го надомести недостатокот на нафта , по крекинот на испораката на руската нафта од почетокот на војната во Украина, пренесува ДПА.
Германскиот канцелат Олаф Шолц на средбата со казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токајев, која се одржа во Астана, изјави дека „сака да направи економските односи меѓу двете земји да бидат подобри“, а посебно ја нагласи потребата од „постојана, прецизна и континуирана соработка во областа на суровините“.
Германија и Казахстан се договорија за зголемување на испораките на нафта од сегашните 100.000 тони на месечно ниво.
Во текот на тродневната посета на германскиот канцелар на Казахстан беа потпишани договори за соработка на националните банки, како и за основање на Институт за наука и технологија на Германско-казахстанскиот универзитет. Шолц потпишаа и договор за миграцијата со Узбекистан, со кој ќе се олесни доаѓањето на квалификувани работници во Германија, посебно во секторот на нега и здравје. Договорот опфаќа и забрзување на репатријацијата на граѓаните од Узбекистан, кои престојуваат без дозвола во Германија, пренесува Б92.
фото freepic