Lifestyle

ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И РИЗИКОТ ОД РАК? - што покажа конечна анализа во која биле анализирани сите видови на рак

15.09.2024

Користењето на мобилниот телефон не го зголемува ризикот од развој на рак, покажало досега најголемото истражување на Светската здравствена организација.

Биле анализирани 5.000 студии на темата за поврзаноста на мобилниот телефон и ракот, кои биле објавени во последните десет години. Во својата конечна анализа биле анализирани сите видови на рак, но посебно внимание е посветено  на ракот на централниот нервен систем и на туморот на мозокот.

- Со голема сигурност можеме да кажеме дека немаме ништо пропуштено. Ги анализиравме и проценивме сите научни докази од набљудувачките студии на луѓето од целиот свет, изјави Бан Баакен, коавтор на студијата од германскиот Сојузен завод за заштита од зрачење  (BfS).

Во завршните испитувања било откриено дека користењето на мобилен телефон не доведува со поврзаност на ризикот од рак, меѓу нив и на туморите на мозокот, на хипофизата, туморите на штитната жлезда или леукемија.

Исто така, изложеноста на радиофреквентно зрачење на базните станици или антени за емитирање не влијае на ризик од развивање на ракот, покажало истражувањето.

Анализата која е објавена во часописот Environment International, ги вклучила студиите до крајот  на 2022 година, што значи дека не се вклучени истражувањата за новата 5Г t технологија за мобилни мрежи. Но биле вклучени студиите со контактот со радарски извори, а тоа има и слични фрекфренции како и 5Г, изјавил Баакен, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО