Економија

НЕДОСТИГОТ НА РАБОТНИЦИ НЕ СЕ РЕШАВА СО НЕКОНТРОЛИРАН УВОЗ НА РАБОТНА СИЛА, изјави Зоран Милановиќ, претседател на Република Хрватска

Недостигот на работна сила не може да се реши со неконтролирано примање на странските работници, како тоа му одговара на некој работодавач, и тоа треба да прекине, изјави Зоран Милановиќ, претседател на Република Хрватска.

-  Треба да поработиме на тоа да нема нечесни работи, а услов за тоа е работниците да бидат пристојно платени. Нема нечесни работи од кои нашите деца треба да бегаат. Се согласувам дека тоа дека не треба сите наши деца да бидат доктори и инжињери. Нашите деца или нашите внуци не се никаква виша класа која не можат и не треба да ги работат оние работи за кои се носат работници од странство. Немам проблем со нивната вера, ни боја на кожа, но тоа е друга култура, изјави Милановиќ.

Хрватскиот претседател посочи и на фактот дека парите од Европската Унија ќе доаѓаат уште некое време, врз основа на членството во Унијата.

- Ние тие пари ги користиме релативно, но може и подобро и повеќе. Тие пари нема да доаѓаат засекогаш и ако не ги искористиме добро, тоа ќе биде болен пораз, изјави Зоран Милановиќ, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано