Економија

МИНИМАЛЕН РАСТ НА ВРАБОТЕНОСТА ВО ЕУ, Словенија меѓу шесте земји кои имаат намалување на вработените лица

Во Европската Унија во вториот квартал од 2024 година, стапката на вработеност на лицата на возраст од 20 до 64 години изнесува 75,8 отсто, што е зголемување за 0,2 процентни поени (п.п.) во однос на првиот квартал.

Најголем раст меѓу 18-те земји на ЕУ во кои растеше вработеноста забележаа Естонија (+1,0 п.п.), Литванија (+0,9 п.п.) и Чешка (+0,8 п.п.)

Стапката на вработеност остана стабилна во Италија, Полска и Словачка. Вработеноста во вториот квартал се намали во шест земји од ЕУ, а најголем пад е забележан во Словенија (- 0,7 п.п.) и во Финска (-0,4 п.п.).

Во јули 2024 година, невработени се 2,8 милиони луѓе на возраст под 25 години, од кои 2,2 милиони се во еврозоната. Стапката на невработеност кај младите во ЕУ изнесува 14,5 отсто, што е помалку од 14,6 отсто во јуни, додека во еврозоната е 14,2 отсто.

Во споредба со јуни 2024 година, невработеноста кај младите е намалена за 25.000 во ЕУ и за 37.000 во еврозоната, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано