Економија
ФРАНЦУСКИОТ РЕГУЛАТОР ПРЕДЛАГА ПОНИСКА ЦЕНА ЗА СТРУЈАТА, Владата на Франција ќе одлучи за намалување на цената за 10 отсто
12.09.2024
Францускиот регулатор за електрична енергија (CRE) препорачува цените на струјата за домаќинство, која ја определува државата, да биде најмалку 10 отсто пониска од февруари 2025 година. Ова треба да се направи за да се намали финансискиот товар на населението, пренесува „Ројтерс“.
Владата ќе мора да одлучи дали ќе ја следи препораката на регулаторот, а министерот за финансии во заминување Бруно Лемер, се изјасни дека се залага за значително намалување на цената на струјата.
Франција е прва земја која воведе ограничување на цената на струјата по почетокот на војната во Украина. Француската влада постепено ги намалуваше цените, а просечните трошоци за електрична енергија се релативно ниски во споредба со другите европски држави.
Цените на електрична енергија во Европа се зголемени во текот на последните две години, поради енергетската криза. Незадоволството од високата инфлација меѓу француските гласачи се одрази на гласањето на европските и националните избори на која партиите од опозицијата од левицата и десницата добија поголема поддршка од гласачите, пренесува „Политика“.
фото freepic