Економија
ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ ГО ПРЕДВОДАТ РАСТОТ НА БЕРЗИТЕ, акциите на технолошките компании со раст по минатонеделните силни падови
12.09.2024
Денешното отворање на берзите во Азија почна со позитивно тргување, кое беше потикнато од растот технолошките компании на Волстрит. Јапонскиот Nikkei 225 порасна за 3,41%, a тајванскиот пондериран индекс забележа раст од 3%. Акциите на производителот на полупроводници „Tокиот електрон“ пораснаа за 4,8%, на „Адвентест“ за 9%, a раст има и кај акциите на другите технолошки компании.
Во Јужна Кореја, Kospi се зголеми за 1,67%, a Kosdaq оствари раст од 3%.
Азиските производители зајакнаа откако извршниот директор на Nvidijа Јенсен Хуанг соопшти уверливи аргументи за иднината на побарувачката за чипови за вештачка интелегенција.
Американските берзански индекси на вчерашното тргување пораснаа, а акциите на технолошките компании заздравија по минатонеделните силни падови.
Индексот S&P 500 порасна за 1,1%, Dow додаде 137 доодви или 0,3 отсто, по почетниот пад во тргувањето. Инвеститорите покажаа поголемо интересирање за акциите од технолошките компании што се одрази на растот на Nasdaq Composite за 2,2 отсто. Акциите на Nvidia скокнаа за 7,5%, на AMD за 4,1%, пренесе „Сеебиз“.
фото freepic