Економија

НА ЕУ И ТРЕБААТ 800 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ДА ИМ КОНКУРИРА НА САД И КИНА, Европа, според Марио Драги, има проблем со високите цени на енергентите

09.09.2024

На Европската Унија и се потребни инвестиции од 750 до 800 милијарди евра годишно за да можат економски да се натпреваруваат со САД и Кина, изјави денеска Марио Драги, поранешен претседател на Европската централна банка.

Овој износ е поголем од помошта што Европа ја доби во рамките на Маршаловиот план за обнова на континентот по Втората светска војна.

Во својот извештај Драги нагласува дека на Европската Унија и потребна поголема координација на индустриската политика и побрз систем на одлучување, пренесува „Ројтерс“.

Како слаби страни на политиката на ЕУ се различните нивоа на субвенции меѓу државите кои го штитат единствениот пазар, а ЕУ ќе мора да се фокусира на остварување на заедничките цели.

-  Доколку некои земји членки на ЕУ сакаат да се движат побрзо од другите, тоа треба да им се дозволи,  смета, Драги.

Европа, според него, има проблем со високите цени на енергентите по скратувањето на евтиниот руски гас. ЕУ треба да ги зголеми иновациите, да ги намали цените на енергијата, но и да ја зајакне својата воена индустрија и да ја намали зависноста од други земји, посебно од Кина, појаснува Драги во неговиот извештај, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО