Економија

ПОДОБРЕН КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА ТУРЦИЈА, „Фич“ со второ подобрување на рејтингот на Турција во последните шест месеци

09.09.2024

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ ја подигна оценката  за кредитниот рејтинг на Турција на BB- од  B+. Ова е второ зголемување на турскиот кредитен рејтинг за последните шест месеци. На почетокот на март годинава, „Фич“ го подигна рејтингот на Турција на „B+” од  „B“.

Агенцијата „Фич“ соопшти дека клучни фактори за зголемување на рејтингот на Турција се подобрување на надворешните резерви, намалување на потенцијалните девизни обврски и очекувањата од конзистентната комбинација на мерки, намалување на се уште високата инфлација  и помалиот дефицит на тековната сметка.

Очекувањата до крајот на годината се дека инфлацијата во Турција ќе заврши на 43 отсто или со просечна инфлација за годинава од 59,5 отсто. Предвидувањата на агенцијата за 2025 година се дека инфлацијата во просек ќе изнесува 31 отсто и 21 отсто до крајот на следната година, пренесува „Инвеститор.ме“.  


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО