Економија

САУДИСКА АРАБИЈА СЕ СООЧУВА СО БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ, неделава цената на нафтата брент се намали на 73,50 долари за барел

05.09.2024

Буџетот на Саудиска Арабија ќе влезе во дефицит доколку продолжи намалувањето на цената на нафата, како и поради огромните проекти на земјата кои имаат за цел да ја трансформираат економијата на оваа азиска земја, соопштија од Меѓународниот конетарен фонд (ММФ).

Според очекувањата, Саудиска Арабија најверојатно годинава ќе влезе во буџетски дефицит од 0,1 отсто од БДП  и од 1,1 отсто во 2025 година.

Прогнозите на ММФ се дека просечниот дефицит во државната каса на Саудиска Арабија би изнесувал од 2,9 отсто во периодот меѓу 2026 и 2029 година.

Нафтата во 2022 година достигна цена од 130 долари по барел, а суфицитот во буџетот достигна 14 отсто од БДП. Во последните месеци има тренд на намалување на цената на нафтата, поради стравот од рецесија во САД и намалениот раст на Кина.

Неделава цената на нафтата брент се намали за шест отсто на околу 73,50 долари за барел, но оваа цена е далеку под нивото за воспоставување на избалансиран државен буџет на Саудиска Арабија, пренесува Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано