Економија
ДАНСКА КОМПАНИЈА ЈА ЗАТВОРИ ПОСЛЕДНАТА ЕЛЕКТРАНА НА ЈАГЛЕН, целта на компанијата е да постигне 99 отсто учество на зелената енергија
05.09.2024
Данската компанија „Орстед“ ја затвори својата последна електрана на јаглен за комбинирано производство на топлотна и електрична енергија “, во западниот дел на земјата. Целта на компанијата е да постигне 99 отсто учество на зелената енергија до 2025 година.
Затворањето на „Есбјерг Пауер“ ќе ја намали потрошувачката на јаглен за 500.000 тони и ќе ги намали емисијата на јаглен диоксид за околу 1,2 милиони тони. Ова е еквивалентно на годишната емисија на околу 600 илјади автомобили на фосилни горива во Европската Унија.
Потпретседателот Оле Томсен порача дека затворањето на последната електрана на јаглен означува крај на едно поглавје во зелената трансформација на компанијата, пренесува „Екапија“.
- Веруваме дека како општество мораме да престанеме да користиме гас, нафта и јаглен. Со затворањето на термоелектраната ние сме на добар пат да бидеме прва голема енергетска компанија која целосно го трансформира своето производство на енергија со фосилни горива на обвновливи извори на енергија, изјави Томсен.
Данската компанија до 2006 година беше една од енергетските компании во Европа која најмногу зависеше од јагленот, но по оваа година значително го намали потрошувачката на јаглен. Денеска таа е една од најголемите компании за обновлива енергија во светот и глобален лидер во ветернителектрани кои се градат на морската површина.
фото freepic