Економија

БРАЗИЛ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА, минатата година бразилската економија беше во зоната на стагнација

04.09.2024

Бразил оствари најголем економски раст од земјите во Латинска Америка, а во второто тромесечие забележа зголемување на БДП за 1,4 отсто.  Зголемување на економската активност во земјата е резултат на индустријата и услужниот сектор.

Во втората половина минатата година бразилската економија беше во зоната на стагнација. За второто тромесечие годинава беше предвиден раст од 0,9 отсто, пренесува АФП.

На растот влијаеше и потрошувачката на домаќинствата  и на државата, поради подобрување на условите на пазарот на работна сила, намалување на каматните стапки и достапноста на кредитите.

Бразилскиот БДП порасна за 3,3 отсто во вториот квартал во однос на истиот период лани. За годинава се предвидува економски раст од 2,5 отсто, што е над очекуваните пазарни проекции од 2,46 отсто, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано