Кинеската влада одобри изградба на пет нови нуклеарни централи со вкупно 11 реактори, за кои ќе бидат издвоени стотици милијарди јуани. Новите нуклеарни реактори ќе бидат различни типови на реактори од трета и четврта генерација, а вкупната проценета вредност е околу 240 милијарди јуани или 300 милијарди евра, пренесува „Бизнис.ба“.
Изградбата на нуклеарни реактори во Кина значително порасна во последните три децении. Денес во земјата работат 56 реактори, додека дополнителни 30 се веќе во изградба.
Кина брзо ја засилува својата програма за производство на зелена нуклеарна енергија. Кина одобруваше 10 нови реактори секоја година во 2022 и 2023 година, а вкупно 15 во трите години пред тоа.
Новите реактори ќе се градат во крајбрежните провинции Џиангсу, Шандонг и Жеџијанг, како и во јужната кинеска провинција Гуангдонг и автономниот регион Гуангкси Жуанг.
фото freepic