Економија

СЛОВЕНЦИТЕ ЈА НАДМИНАА ГРАНИЦАТА ЗА ПЛАТИ ОД 1.500 ЕВРА, енергетичарите во Словенија со највисоки плати

23.08.2024

Просечната нето плата во Словенија во јуни се искачи над 1.500 евра, објави Заводот за статистика на земјата. Во однос на мај словенечката просечна нето плата номинално порасна за еден отсто односно на 1.501,97 евра, а реално за 0,6 отсто.

Платите во Словенија се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, пренесува СТА.

Во јуни, највисока просечна нето плата во Словенија е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 2.241,33 евра, а најниска во угостителството. 1.142,43 евра.

Просечната бруто плата во Словенија за јуни е 2.366,79 евра, а платите се повисоки во јавниот сектор (2.701,33 евра) отколку во приватниот сектор (2.214,91 евра). Бруто платите во словенечкиот јавен сектор се зголемени месечно за значителни 5,2 отсто поради усогласувањето на вредностите на платите од 1 јуни.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО