Економија
ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА Е НА НАЈНИСКО НИВО, причината се штрајкот во канадската железница и добриот род во Украина
22.08.2024
Цените на пченицата денеска паднаа на најниско ниво од септември 2020 година и изнесуваат 5,20 долари за бушел (27,2 кг.) , поради влијанието на можниот штрајк на железничарите во Канада и оптимистичките прогнози за жетвата во Украина.
Можноста на штрајк на канадските железничари ги принуди земјоделците порано да ги продаваат залихите од пченица. Се очекува за сезоната 2024/25 Канада да произведе околу 25,3 милиони тони пченица , пренесува порталот „Трејдинг економикс“.
Американското министерство за земјоделство ги зголеми своите прогнози за украинското производство на пченица за 10,8 отсто на 21,6 милиони тони, што дополнително ги намали цените на пченицата.
Состојбата во Европа не е така добра. Франција очекува најлоша жетва во последните 40 години. Оваа земја во сезоната 2024/2025 година може да произведе помалку пченица и да падне на 25,2 милиони тони. Ова е за 27 отсто помалку од петгодишниот просек. Цените на берзата во Чикаго подолго време се држи на пониско ниво, бидејќи пазарот на САД е добро снабден со пченица, пренесува РТВ.
фото freepic