Економија

„ЈАС БИ САКАЛ И 5.000 ЕВРА ДА БИДЕ ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА“, изјави премиерот Мицкоски, но како што рече треба да се има предвид состојбата во Буџетот

22.08.2024

-Јас би сакал и 5.000 евра да биде просечната плата, но треба да дојдеме до тоа, имајќи ја предвид состојбата во Буџетот, која што ја оставија и непредвидените усогласувања согласно колективните договори, па мораше сега со ребалансот да се усогласуваат. Но, истовремено би напоменал дека истиот тој синдикат тогаш беше од страна на министерката за труд и социјала прелажан. Тогаш доаѓаме сите до едноставен заклучок дека има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците, изјави Мицкоски, при посетата на Општина Петровец.

Владата наскоро ќе седне да разговара со сите легитимни синдикални организации и ја разбира потребата од зголемување на платите, но тука има многу политика, а малку основа за барање на правата на работниците, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Тој тврди дека ќе нема пораст на платите на функционерите и оти нивното претходно покачување од 78 проценти ќе биде дел од законско решение што ќе се најде набргу пред Собрането, вклучително и сите плати што се нивелирани согласно одреден коефициент и репер во јавната администрација.

Како што потенцираше, нема дополнително зголемување на функционерските плати и покрај законската одлука и нивелирање согласно закон за следната година.

- На следната владина седница ќе донесеме одлука тоа да не се случи, рече Мицкоски на новинарско прашање.

За барањата од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата оцени дека за помалку од два месеца од работата на Владата имало  синхронизиран напад  од  претседателите на ССМ и на најголемата опозициска партија, што, како што рече, упатува на политичка позадина. 

- Ја слушав изјавата на претседателот на Синдикатот. Од министерката за финансии добив информација дека во ребалансот на Буџетот е постапено според  закон. Тука не треба да имаме дилема. Ме зачуди тоа што претседателот на СДСМ веднаш излезе со свој став за  поддршка на овој претседател, нема да навлегувам во начинот како беше избран, итн, за тоа има институции. За помалку од два месеца од работата на Владата гледам  еден синхронизиран напад и  од страна на претседател на ССМ и на најголемата  опозициска партија, тоа мене ме доведува дo ситуација да размислувам дека тука има политичка позадина. Ги повикувам членовите на Синдикатот да не наседнуваат во политичка кампања во рамките на истата, изјави Мицкоски.

И јас, потенцира премиерот,, би сакал платата да биде и 5000 евра, но, треба да дојдеме до тоа, имајќи ја предвид состојбата што ја оставија во Буџетот и непредвидените усогласувања согласно колективните договори.

- Ја разбирам потребата од зголемување на платите. Секој од нас живее од плата. Ние не живееме од провизии, криминални тендери, трговски центри, фабрики за марихуана. Живееме сите од плата, барем ние кои сме овде, рече Мицкоски. 

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера изјави дека очекува да има средба со премиерот Мицкоски за зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра. ССМ веќе имале доставено барање за средба и очекуваат социјалниот дијалог да го водат на маса, а доколку тоа не се случи, како што рече Трендафилов, секогаш имаат на располагање и други мерки. 


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО