Економија
СРБИЈА ЈА УКИНУВА ЗАБРАНАТА ЗА ИЗГРАДБА НА НУКЛЕАРКИ, во новиот Законот за енергетика има можност и за добивање енергија од отпад
22.08.2024
Во предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика во Србија се предлагаат многу новини во произвoдството и прометот со енергија. Една од измените се однесува на укинување на забраната за изградба нуклеарна електрана. Се предвидува и уредување на балансиран пазар и можност за крајните купувачи да бидат и активни учесници со склучување на договори со променлива цена на електрична енергија.
Министерството за рударство и енергетика го објави Нацрт законот за измени и дополнувања на Законот за енергетика и ги повика заинтересираните страни да учествуваат во јавната расправа, која ќе трае до 10 септември, објави Б92.
- Новите енергетски дејности се агрегирање, производство и трговија на неконвенционални горива, пишува Владимир Спасиќ, за „Балкан грин енерџи њуз“.
Неконвенционалните горива се течни или цврсти горива произведени од неопасен отпад, а кој не е погоден за рециклирања, кој се користи во енергетски цели во процесот на производство на цемент и вар, во термоелектраните на јаглен и друго.
Со стапувањето на сила на новите законски измени во Србија престанува да важи стариот Законот за забрана на нуклеарни електрани од Сојузна Република Југославија. Овој закон беше донесен три години по нуклеарната катастрофа во Чернобил во Украина, во тогашниот Советски Сојуз.
фото freepic