Економија

ЗОШТО ГЕРМАНЦИТЕ ТРОШАТ ПОМАЛКУ НА ХРАНА И НА МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ, во Германија трошоците за лична потрошувачка се под просекот на ЕУ

21.08.2024

Германските потрошувачи трошат помалку на храна иако цените се повисоки, на медицински услуги и на лична нега од граѓаните во другите членки на Европската Унија. Лани учеството на трошоците за лична потрошувачка беше 13,4 отсто помалку од другите 26 членки на ЕУ, покажуваат податоците од истражувањето на институтот за истражување на пазарот NIQ.

- Просечните приходи се високи во Германија. Освен тоа конкуренцијата во малопродажбата на храна е поголема од било каде на друго место, трговците да ги намалуваат цените. Иако, Во Германија  се повисоки цените, поради високата инфлација, тие се се уште релативно ниски, изјави Филип Војтеч екеперт за трговија на мало.

Потрошувачите повеќе внимание посветуваат на цените и се почесто ги користат попустите. Според податоците на NIQ,  Германија забележа најголем раст на дисконтната продажба во западна Европа, со пораст од 14 отсто. Ако се споредат вкупните пари кои луѓето ги трошат во продавниците, Германија се наоѓа на последното место.

Минатата година секоје четврто потрошено евро заврши во германските супермаркети, додека во целата ЕУ секој трето евро. Во земјите од источна Европа, како Унгарија и Бугарија речиси секое второ евро е за трошоци за храна.

Поради поголемата куповна моќ на домаќинствата во Германија трошат помал дел од своите приходи на храна, облека и друга стока. Од друга страна, трошоците за домување и енергија се поголеми. Повеќе пари се трошат на услуги и активности во слободното време, а повеќе се издвојува за штедење и финансиски услуги, пренесува „Сеебиз“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО