Економија
ЕГИПЕТ СО ФИНАНСИСКА ЗАГУБА ОД ЦРНИОТ ПОНЕДЕЛНИК НА БЕРЗИТЕ, инвеститорите продавале акции и купувале долари
09.08.2024
Вкупниот износ на пари кој го изгуби египетскиот финансиски пазар во текот на глобалната распродажба на акции на светските берзи во понеделникот не надминува повеќе од седум до осум отсто од вкупниот обем на тргување во тој период, изјави египетскиот премиер Мостафа Мадбули.
Аналитичарите и банкарите наведуваат дека странските инвеститори продавале благајнички записи издадени во египетски фунти и приходите ги претварале во долари и на тој начин капиталот го претварале во побезбеден имот, пренесува „Ројтерс“.
Финансиските експерти објаснуваат дека до поголемата распродажба на акции придонесе и регионалната политичка тензија и загриженоста за државните финансии. Ваквите трансакции на светските финансиски пазари предизвика пад на американската берза, која беше засилена од стравот за можна рецесија во САД, пренесува Б92.
фото freepic