Lifestyle

Galaxy Z Fold6 – создаден да ја поттикува и зголемува Вашата продуктивност

09.08.2024

Најновиот фолд телефон на Samsung, Galaxy Z Fold6 кој неодамна заедно со помалиот Galaxy Z Flip6 беа премиерно претставени на корисниците продолжувајќи ја револуцијата кај телефоните на преклоп, е уред кој е првенствено наменет за достигнување на највисоко ниво на продуктивност. Кога ќе го отворите, добивате Dynamic AMOLED екран од 7,6 инчи, фантастичен за работа, креативност и забава каде и да се наоѓате. Со ова на ум, како и со бројните харверски и софтверски подобрувања и можности за интегрирана вештачка интелигенција, бидете сигурни дека добивате можност за уникатно искуство за уживање во голем екран, без разлика дали го користите за професионалните обврски или пак за забава.

Кои се функциите напојувани од вештачката интелигенција поради кои Galaxy Z Fold6 треба да е вашиот следен избор?

Оваа шеста генерација на телефони на преклоп поседува подобрена Galaxy AI*, па така како дел од апликацијата Samsung Notes, новиот Galaxy Z Fold6 нуди помош во форма на опцијата Note Assist, која може да генерира преводи, резимеа и автоматско форматирање, додека сосема новата функција Sketch to Image ќе ви овозможи да создавате вистински уметнички дела. Со мноштво зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како преведеување во реално време, hands-free интерпретатор и алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини, овој телефон на преклоп со полно право се нарекува совршен работен асистент, овозможувајќи ви да работите во 3 отворени апликации истовремено, благодарение на Функцијата Multi-Active Window која го поделува екранот на три дела. Но, и многу повеќе од тоа - интегрираната вештачка интелигенција ја подига и креативноста на ново ниво со функциите Photo Assist, Photo Edit и Portrait Studio, а S Pen пенкалото е тука да допринесе за да овој уред навистина може да го замени вашиот лаптоп, и секако таблет. Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.

Исто така, новата серија Galaxy Z поседува интегрирана апликација Google Gemini, која претставува личен асистент на корисниците, обезбедувајќи им поддршка при планирање, учење или пишување. Благодарение на компатибилноста на Google Gemini со другите апликации на Google, корисниците ќе имаат можност да уживаат во сосема нови можности за користење на нивните омилени апликации, како што е YouTube.

Елегантен дизајн, практичност, долготрајна батерија и безбедност

Освен техничката моќ, Galaxy Z Fold6 поседува елегантен, професионален дизајн кој изобилува со софистицираност. Неговата форма на преклоп претставува и практично решение за оние кои бараат компактен уред со голем екран, изработен од високо квалитетни материјали, осигурувајќи трајност без компромис. Батеријата од 5000 mAh осигурува дека ќе останете поврзани и продуктивни цел ден, без да се грижите за полнење на телефонот и да уживате во безбедноста, благодарение на платформата Samsung Knox, одговорна за заштита на вашите приватни информации и одбрана од потенцијални закани.

 

Кои се другите уреди од најновата генерација на Samsung екосистемот?

Овој пат Galaxy екосистемот, освен со новите модели на телефони на прелоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја збогатува и зајакнува својата моќ и со други фантастични уреди како паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 – врвот во грижата за личното здравје на дневна основа и општата благосостојба овозможени од функции напојувани од вештачка интелигенција, како и најновите модели на слушалки Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro кои донесуваат ново ВИ комуникациско и најнапредно аудио искуство. Овој фантастичен Galaxy екосистем составен од носливи Samsung уреди совршено комуницираат меѓу себе креирајќи единствено Galaxy искуство кои постојано го подобрува и олеснува важиот живот.  

Новите телефони на преклоп Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, како и паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 и слушалките Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro се веќе достапни во малопродажба на македонскиот пазар.

* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано