Економија

ОБЈАВЕНА ЛИСТА НА НАЈСКАПИТЕ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ, најскапо е во Женева, Тирана е поскапа од Скопје

09.08.2024

Швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто место, а Њујорк е на третото, покажува онлајн-базата на податоци „Нумбео“ во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци. Во изработката на оваа листа на градови се земаат предвид повеќе фактори, како што се цената на продуктите, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување станови...

Лондон не е меѓу првите десет града, според висината на трошоците на живот. Главниот град на Велика Британија е на 13 место. Американските градови се редовно на врвот на листата (Њујорк, Сан Франциско, Бостон...).   

На листата, која вклучува 218 града, Скопје се наоѓа на 160. место според трошоците за живот. Во земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195. место) и Ниш, Србија (165.).

Tрошоците на живот се повисоки во земјите членки на ЕУ.  Aтина е на 91. место на листата на наскапи градови, Љубљана на 96. и Загреб на 107. Зад нив е Тирана, на 114. место. Белград на 127., Софија на 132., Подгорица на 143., Aнкара на 145. и Сараево на 148. место.

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано