Економија
МАСЛИНОВОТО МАСЛО И ГАСОТ ЈА ЗГОЛЕМИЈА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГРЦИЈА, зголемени цените и на лебот и месото
09.08.2024
Годишната инфлација во Грција во јули се зголемила на 2,7 отсто, наспроти 2,3 проценти еден месец претходно и 2,5 отсто за истиот период во 2023 година, зголемување што, според официјалните податоците од грчката служба за статистика, се должи на поскапувањата на цените на дел од продуктите и услугите, како што се маслиновото масло и природниот гас, јави дописничката на МИА од Атина.
Oд јули 2023 до јули 2024 година цената на маслиновото масло се зголемила за 56,7 проценти, на природниот гас за 23,4 отсто, а за прехранбените продукти, зголемени се цените на лебот, месото, рибите, зеленчукот, шеќерот и слатките производи.
Намалување на цените има кај брашното, млечните производи, јајцата и овошјето.
Во однос на цената на струјата, за една година е намалена за 1,8 отсто, а во споредба со јуни, минатиот месец била поскапа за 9,5 проценти.
фото freepic