Економија
Во ЕУ расте песимизмот кај менаџерите за набавка, невработеноста во благ пораст
02.08.2024
Активноста во индустријата во еврозоната е намалена и во јули, со најголем пад на производството од почетокот на годината и континуирана слаба побарувачка, покажува месечната анкета на S&P Global.
Индексот на менаџери за набавка (PMI) во индустријата во еврозоната остана во јули на јунското ниво кога изнесуваше 45,8 поени, објави Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), која ги составува извештаите за S&P Global.
Менаџерите првпат од октомври минатата година покажаа песимизам во прогнозите за следните 12 месеци.
- Со оглед на слабите податоци во истражувањето, веројатно ќе треба да ја намалиме нашата прогноза за раст на БДП од 0,8 проценти (еврозоната) оваа година, забележува Сирус де ла Рубио, главниот економист на HCOB, пренесува „Политика“.
Во 20-члената еврозона, стапката на невработеност мерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO) во јуни изнесуваше 6,5 отсто и беше за 0,1 процентен поен повисока отколку во мај. На годишно ниво, пак, таа остана непроменета, се вели во извештајот на Европската статистичка служба.
На ниво на цела ЕУ во мај се задржа на шест проценти, а исто толку беше и во јуни минатата година. Евростат проценува дека речиси 13,26 милиони граѓани биле невработени во ЕУ во јуни, од кои 11,12 милиони биле во еврозоната. Месечната споредба покажува дека бројот на невработени во еврозоната во јуни се зголемил за 41 илјада, а во ЕУ за 52 илјади. На годишно ниво во ЕУ порасна за 81 илјада во еврозоната и за 188 илјади .
Во јуни само Шпанија забележа двоцифрена стапка на невработеност од 11,5 отсто. Грција има невработеност од 9,6 отсто, Шведска и Финска со стапка на невработеност од по 8,3 отсто, а Литванија со 8,2 отсто.
фото freepic