Економија

Во БиХ продолжува одлуката за субвенционирање на трошоците за струја за домаќинствата

01.08.2024

Владата на Федерација Босна и Херцеговина денеска одлучи да го продолжи рокот за примена на одлуката за субвенционирата електрична енергија за домаќинствата до 30 јуни 2025 година. Право на користење на субвенциите за струја   имаат одредени категории на граѓани со најниски приходи, пензионерите со минимална пензија и корисниците на постојана парична помош за кои има издадено решение од социјалните служби на ФБиХ.

Основен критериум за субвенционирање е потрошувачката на едно домаќинство да биде под 268 kWh  месечно за корисниците на Електростопанство БиХ односно под 348 kWh  за граѓаните кои се снабдуваат од Електростопанство Мостар.

Одлуката за субвенционирање на сметките за струја се применува од 2011 година, а просечниот број на корисници на оваа поволност изнесува околу 70.000 лица.

Од овој месец потрошувачката на електрична енергија за корисниците од Електростопанство БиХ се пресметува по нови повисоки цени за 10,29 отсто за домаќинствата и 7,29 отсто за другите потрошувачи, пренесе ТВСА.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано