Економија

Словенците немаат грижа со високата инфлација и цените

31.07.2024

Инфлацијата во јули  во Словенија се намали на 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Ова е  второ најниско ниво на годишна стапка на инфлација по март 2021 година, кога изнесуваше 0,1 отсто.

На месечно ниво, потрошувачките цени во Словенија се во просек пониски за 0,1 отсто . Услугите во јули во просек поскапеле за 4,4 отсто на годишно ниво, а стоките за 0,3 отсто.

Најголем раст на годишната инфлација, 0,4 процентни поени, има кај цените во рестораните и хотелите од 6,1 отсто. По нив следуваат цените на алкохолните пијалоци и тутунот (за 5,2 отсто), останатите стоки и услуги (за 4,2 отсто).

Годишната инфлација во Словенија е намалена за 0,4 процентни поени, поради  поевтините производи и услуги од групата домување, вода, струја, гас и други горива (за 2,8 отсто), и пониски цени на облеката. и чевли.

Годишниот раст на цените, мерен преку усогласениот индекс на потрошувачките цени, во јули изнесуваше 1,4 отсто. На месечно ниво цените паднаа за 0,2 отсто, објави „Сеебиз“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано