Вести
Од 1 август пониски цени за парното за домаќинства и за деловни корисници
29.07.2024
Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.
За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика, објави денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Грејната сезона почнува на 15 октомври и трае до 15 април. На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, 58 000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1 900 се на железарското парно, а 400 домаќинства се на Топлификација Север.
фото freepic