Економија

Американците во јуни купувале најмалку нови станови и куќи

27.07.2024

Продажбата на нови куќи и станови во САД во јуни годинава е намалена за 0,6 отсто во споредба со претходниот месец или  на 617.000 станбени единици, соопштија од американското министерство за трговија. Ова е најниска продажба на недвижности за домување во последните седум месеци, а причината за тоа се високите цени на квадратот и банкарските камати.

Во споредба со јуни минатата година, продажбата е намалена за 7,4 отсто, иако аналитичарите прогнозираа раст на пазарот на недвижности.

Министерството за трговија направи блага корекција на податоците за мај од 619.000 на 621.000 единици. Просечната каматна стапка за најпопуларната триесетгодишна хипотека  минатата недела изнесуваше 6,77 отсто. Во мај каматите беа зголемени на 7,22 отсто.

Просечната цена на новите недвижности за домување во јуни изнесуваше 417.300 долари, што е минимално намалување од 0,1 отсто во истиот месец минатата година.

Месечниот пад во јуни во однос на мај, на североистокот од САД изнесува  7,7 отсто, на средниот запад е 6,9 отсто. На западниот дел на САД продажбата е зголемена за 1,4 отсто и на југот за 0,3 отсто, пренесува РТ Балкан.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано