Вредноста на германскиот извоз во земјите надвор од Европската Унија во јуни годинава изнесува 58 милијарди евра, што е за 4,5 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Намалувањето на извозот во однос на мај годинава изнесува 2,6 отсто, објави Сојузниот завод за статистика Дестатис.
Најважен трговски партнер на Германија во јуни беше САД со извоз на американскиот пазар од 13 милијарди евра, но тоа е намалување за 6,2 отсто во однос на јуни 2023 година.
Вредноста на германскиот извоз во Кина е намалена за 9,9 отсто односно на осум милијарди евра. Извозот на германските компании во Велика Британија е намален за 3,7 отсто (на 6,5 милијарди евра), а извозот во Русија бележи намалување за 27,1 отсто и изнесува 500 милиони евра.
Трговскиот суфицит на Германија во мај е зголемен на 24,9 милијарди евра, затоа што извозот на месечно ниво е намален за 3,6 отсто, а увозот за 6,6 отсто.
Германскиот извоз во земјите надвор од ЕУ во мај изнесувал 59,4 милијарди евра, што е за 4,9 отсто помал во однос на април годинава, објави „Бизнис.ба“.
фото freepic