Економија

Кина отвори седум милиони нови работни места во урбаните средини

23.07.2024

Во првата половина од годината во Кина се отворени  6,98 нови работни места во урбаните средини, објавија денеска од Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност.

- Состојбата со вработувањето во земјата генерално е стабилна, а во наредниот период ќе се залагаме за враќање на стабилните работни места, преку посебни заеми за проширувањето на вработувањето. Воедно ќе се поттикнува вработувањето и претприемништвото на младите луѓе, како што се дипломираните лица, информираа од кинеското министерство за труд,  пренесе „Ројтерс“.

Во јуни стапката на невработеност во урбаните средини во Кина изнесуваше пет отсто. Кина продолжува со остварување на годишната цел од создавање на повеќе од 12 милиони нови урбани работни места за годинава. Кинеските власти за годинава прогнозираат стапката на невработеност во урбаните подрачја да биде околу 5,5 отсто, објави „Бизнис.рс“.


фото freepic

  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано