Економија

Производството на струја од фосилни горива во Европа е на најниско ниво

23.07.2024

Производството на електрична енергија во електраните на фосилни горива во Европа во второто тромесечие годинава е на најниско ниво. Во овој период е постигнато рекордно производство од сончевите електрани и од други извори на обновлива енергија, покажува најновата анализа на „Монтел Аналитикс“.

Производството на струја од термолектраните на јаглен, гас и мазут во Европа достигна 131,9 TWh , што е најмала забележана количина на струја или за 24 отсто помалку во однос на 2023 година. Производството во термоелектраните на гас е намалено за 27 отсто, а на јаглен за 28 отсто.

Производството на сончева енергија достигна 86,2 TWh, што е за 15 отсто повеќе  од истиот период лани, додека производството од ветерните турбини е зголемено за девет отсто и изнесува 107,6 TWh.

Побарувачката за електрична енергија во Европа забележува пад, а забрзаната градба на нови сончеви електрани и ветерни електрани и дневните вишоци влијаеле на негативни цени на струјата.

Најголемо намалување на производството на електрична енергија во термоелектраните на гас има во Обединетото Кралство (за 8,42 TWh), Италија (за 8,22 TWh), Франција (за 6,84 TWh) и Германија (за 5,6 TWh). Во Германија имаше најголемо намалување на производството на струја од јаглен (за 2,37 TW ч), во Полска (за 1,38 TW ч), Италија (за 1,29 TW ч) и во Холандија (за 1,27 TW h). Клучни причини за тоа се големото производство од обновливи извори, но и стабилната побарувачката за струја.

Производството од ветерни електрани најмногу се зголемило во вториот квартал од оваа година во Обединетото Кралство (за 3,8 TWh), Германија (за 2,1 TWh), Полска (за 1,5 TWh) и Белгија (за 1,3 TW ч). Но, периодите на негативни цени се зголемуваат и тие се подолги. Рекордно времетраење на вакви цени имало во Германија, Холандија, Финска и други делови на Скандинавија, како и во Шпанија и Португалија.

Обновливите извори (биомаса, хидроенергија, ветерна енергија, сончева енергија и отпад) покриваат рекордни 55 отсто од европското производство на енергија во вториот квартал од оваа година. Остатокот се должи на производството во нуклеарни централи (23,4 %) и термоелектрани со гас (11,1%), јаглен (9,4%), мазут (0,3%) , пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано