Lifestyle

ЕК со нови упатства за правата на патниците во воздушниот сообраќај

Европската комисија денеска објави ревидирани упатства за правата на патниците во воздушниот сообраќај, што треба да го олесни нивното усогласување со прописите и да помогне во нивно спроведување од страна на националните тела.  

Ревизија пред се се базира на пресудите на Европскиот суд на правдата со кои се појаснуваат одредени одредби и се овозможува поефикасно и доследно спроведување на правилата, но додаден е и нов дел поврзан со доцнења и одлагања летовите, како и за правата на лицата со попреченост и со намалена подвижност при патување со авион. 

Денешните упатства доаѓаат заедно со резултатите од новото истражување на Евробарометар, кое покажува дека повеќето Европејци чувствуваат дека немаат доволно информации за нивните права како патници, иако свесноста за нив е зголемена во споредба од пред пет години. 

- Резултатите покажуваат дека испитаниците најверојатно се чувствувале добро информирани за правата на патниците за патување со воз (33 отсто), потоа со авион (30 проценти), со автобус (27 отсто) и на крај со брод или ферибот (16 проценти). Истражувањето исто така покажува дека 84 отсто од испитаниците кои побарале помош за лица со попреченост или намалена подвижност биле задоволни од реакцијата на нивното барање, се наведува во соопштението на ЕК. 

Според анкетата, 35 отсто од патниците се информирале за нивните права, што е за 13 процентни поени повеќе отколку во 2019 година. 

Во соопштението се додава и дека ЕУ е единствената област во светот каде што патниците се заштитени со целосен сет на права - без разлика дали патуваат со авион, воз, брод или автобус.  

- Правата на патниците се засноваат на три темели: недискриминација, точни, навремени и достапни информации и непосредна и соодветна помош. Оваа заштита е единствена во светот, посочува Еврокомисијата. 


 

Извор МИА

фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано