Економија
Во Хрватска расте вработеноста и номиналната нето-плата
22.07.2024
Во јуни годинава во Хрватска имало 1,7 милиони вработени лица, што е за два отсто повеќе од еден месец претходно и 2,2 отсто повеќе од јуни минатата година. Регистрираната стапка на невработеност паднала на 4,7 отсто, покажуваат податоците на Државен завод за статистика на Хрватска.
Во јуни во Хрватска имало 1.722.892 вработени лица, што е за 34.306 или два отсто повеќе од мај годинава. На годишно ниво, вкупниот број на вработени е зголемен за 2,2 отсто.
Просечната месечна нето-плата во Хрватска во мај годинава изнесува 1.324 евра, а номинално е повисока за 16,9 отсто во однос на мај 2023 година. Просечната бруто-плата по вработен е за 17,3 отсто повисока на годишно ниво и изнесува 1.832 евра. Просечната нето-плата реално е повисока за 13,2 отсто во однос на мај 2023 година, додека бруто платата реално е повисока за 13, 6 отсто, објави Државниот завод за статистика на Хрватска.
Во мај, најниска просечна месечна нето-плата по вработен во правни лица во Хрватска е исплатена во дејноста производство на облека, во износ од 847 евра. Од друга страна, највисока сума е платена во секторот за авиопревоз и изнесува 2.135 евра.
фото freepic