Економија

Чешка планира да изгради нови четири реактори за нуклеарна енергија

22.07.2024

Република Чешка планира да ги прошири своите капацитети за производство на нуклеарна енергија, која учествува со една третина од вкупното производство на електрична енергија. Во Чешка  има шест нуклеарни реактори во двете електрани во Дуковани и Темелин. Владата на Чешка настојува да ја намали зависноста од фосилни горива и да ја подобри енергетската безбедност. Планот е да се изгради еден нов реактор во местото Дуковани, со можност за изградба на дополнителни реактори. Но, одлучено е да се изградат сите четири реактори одеднаш за да се добие поевтина понуда од компаниите кои би учествувале во реализацијата на овој проект, пренесува „Екапија“.

На тендерот беше прифатена понудата на јужнокорејската КХНП, поради конкурентската цена и досегашното портфолио во реализацијата на вакви проекти. Оваа компанија управува со нуклеарките  и хидроелектраните кои произведуваат 30 отсто од производството на струја во Јужна Кореја.  

Првата фаза од изградбата на нови нуклеарки во Чешка опфаќа изградба на два реактора, кои би чинеле 8,6 милијарди долари за една единица. Владата има за цел до крајот на март 2025 година  да ги финализира договорите за овие два реактора. Новиот реактор  во комерцијална употреба би бил пуштен 2038 година.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано