Економија

Во повеќето земји од Европската Унија има намалување на продажбата на станови

21.07.2024

Во 2023 година бројот на трансакции за продажба на станови  се намали во 13  земји од набљудувани 16  членки на Европската Унија, за кои Евростат имаше податоци. На меѓугодишно ниво, најголем пад на купопродажбата на недвижности за домување имаше во Луксембург, а најголем раст во Кипар. Поголемо намалување забележа и Словенија, каде што бројот на трансакции се намали за една петтина.

Минатата година беше втора година по ред во која е забележан пад на бројот на продажби на станбен имот во повеќето земји-членки на ЕУ. Во 2022 година е забележан пад во 10 земји-членки.

Според податоците на Евростат, лани најголемо намалување на бројот на вакви трансакции за 43,3 отсто  имало во Луксембург, Австрија (-26,4 отсто), Унгарија и Финска (-24,5 отсто) и Франција (-21,5 отсто).

Најголем раст на бројот на трансакции е забележан во Кипар или зголемување од  31 отсто, во Полска (+3,9 отсто) и Ирска (+0,6 отсто), пренесува „Бизлаив“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано