Економија

Работниците од БиХ трајно би се иселиле во Словенија и Хрватска!

19.07.2024

Словенија и Хрватска се меѓу најпосакуваните дестинации за работа меѓу работниците од Босна и Херцеговина. Најголем број од испитаниците кои учествувале  во истражувањето на порталот „Мојпосао.ба“ очекуваат минимална плата од 2.000 до 3.000 евра.

Истражувањето открило дека граѓаните на БиХ најмногу се заинтересирани за работа во секторите угостителство, ИТ секторот, градежништвото, медицината и во транспортот и логистиката.  Како клучни причини за работа во земјите од соседството се наведени желбата за подобар животен стандард и работни услови,  подобри плати, социјалната сигурност и можноста за професионално усовршување.

Повеќето испитаници се подготвени трајно да работат во земјите од регионот, а некои од испитаниците изјавиле дека не се сигурни дали би се вратиле во Босна и Херцеговина, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано