Вести

Делови од Скопје без снабдување со електрична енергија, невремето оштети два далекуводa

18.07.2024

Два 110-киловолтни далекувода кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија, потврдија за МИА од Електродистрибуција.

Оттаму велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија.

Невреме  зафати попладнево делови од главниот град, кое беше проследено со дожд и силен ветер. Во општина Аеродром снема струја и дел од семафорите не работеа.

По невремето, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.


Извор МИА

фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО