Во Кина во првата половина на 2024 година се изградени нови 979,6 километри пруга, што дополнително ја подобри националната железничка мрежа. Со железничкото поврзување на населените места се овозможува и развој на туризмот и економијата во регионите низ кои поминува железничката линија, објавија кинеските медиуми, пренесе „Бизнис.ба“.
Податоците на Кинеската државна железница покажуваат дека кинеските власти вложиле 337,3 милијарди јуани во изградба на нова железничка инфраструктура во првата половина на 2024 година, што е раст од 10,6 отсто во однос на истиот период минатата година.