Економија

ДЗС: Извозот на стоки од Македонија бележи пад од 8,8 отсто

05.07.2024

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 199 881.6 милиони денари и бележи пад од 8,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 286 075.7 милиони денари, што е за 0,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат  претходните податоци на Државниот завод за статистика,

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува  86 194 милиони денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периoдот јануари – мај 2024, изнесува 69,9 отсто.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 3 246.1 милиони евра и бележи пад од 8,8 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 646  милиони евра, што е за еден отсто  повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 1. 399 милиони евра

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2024 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО